Англиски јазик за деца

Курсот по англиски јазик за деца ниво A1 и А2 е наменет за деца на возраст од 7 до 12 години кои имаат малку или никакво претходно знаење од англискиот јазик.

Курс по англиски јазик за деца – НИВО А1 и А2

за деца на возраст од 7 до 12 години

Курсот е дизајниран да ја зголеми самодовербата кај децата, да ги подобри нивните комуникациски вештини и да ја разбуди нивната љубопитност за јазикот, при тоа подготвувајќи ги за повисоки нивоа на изучување англиски.

Курсот по англиски јазик за деца содржи 40 часови, кои се одржуваат еднаш неделно, секој со времетраење од 105 минути. Комплетот за учење содржи два учебника и две работни тетратки, со живописни илустрации, јасни инструкции и интересни вежби.

ШТО ЌЕ НАУЧИ ВАШЕТО ДЕТЕ ВО НИВО А1:

Вештини што ќе ги развие детето

Љубов кон јазиците

преку забавни и интересни методи кои го прават учењето лесно и возбудливо.

Меморија

преку редовно повторување на нови зборови и фрази, децата ја зајакнуваат меморијата и го засилуваат наученото.

Комуникациски вештини

преку групни дискусии, интерактивни игри и активности кои ги поттикнуваат децата да разговараат на англиски за содржината од текстовите.

Креативност и имагинација

преку забавни игри, раскажување приказни и визуелни задачи кои ја поттикнуваат креативната мисла и ја стимулираат самостојната експресија.

Разбирање на прочитано

на англиски, преку интерактивни вежби кои им помагаат на децата да интерпретираат и анализираат текстови.

Концентрација и фокус

преку задачи кои ги охрабруваат децата да се фокусираат и да стекнуваат ново знаење на забавен начин.

Обуката се одвива во форма на игра

Системот на игри, забавни задачи и интересни активности ќе му помогнат на вашето дете да се вклучи во учењето на нови знаења.

Предности на методологијата:

Убедени сме дека учењето во нашите центри е одлична забава благодарение на алатките за гамификација и талентираните наставници.

Авторски методологии

Методологиите на SmartyKids се имаат докажано како исклучително успешни во последните 10 години и веќе му помогнале на над 20.000 деца самоуверено да го започнат својот пат во светот на знаењето. Нашите часови вклучуваат шарени илустрации, игриви модели, квалитетни материјали и интерактивни елементи. Ги едуцираме децата на забавен и ангажирачки начин за да го разбудиме нивниот интерес и да го развиеме нивниот целосен потенцијал.

Авторски методологии

Авторски методологии

Методологиите на SmartyKids се имаат докажано како исклучително успешни во последните 10 години и веќе му помогнале на над 20.000 деца самоуверено да го започнат својот пат во светот на знаењето. Нашите часови вклучуваат шарени илустрации, игриви модели, квалитетни материјали и интерактивни елементи. Ги едуцираме децата на забавен и ангажирачки начин за да го разбудиме нивниот интерес и да го развиеме нивниот целосен потенцијал.

Сите курсеви во SmartyKids користат оригинални едукативни материјали, креирани од нас со љубов и внимание на деталите – со цел квалитетен детски развој. Во нашите часови ќе најдете шарени илустрации, квалитетни материјали и интерактивни додатоци, со кои го поттикнуваме детското љубопитство.

Атрактивни учебници и тетратки

Сите едукатори во едукативните центри SmartyKids поминуваат низ специјализирана обука и атестација. Тие знаат како да го заинтересираат секое дете и да воспостават одлична комуникација со него. Вашето дете ќе го развие својот целосен потенцијал со помош на нашите искусни и високо квалификувани стручњаци.

Сертифицирани едукатори со искуство

Секојдневната 15-минутна пракса им помага на децата да ги зајакнат своите вештини за учење и да постигнуваат подобри резултати. За поголема удобност во домашните задачи, развивме онлајн сметки за учениците и наставниците.

Користењето на интернет-платформата ја зголемува брзината и ефикасноста на курсот за 40%.

Интерактивна онлајн платформа

Гејмификација и анимација

Во нашите едукативни центри досадата не постои! Секоја сесија се претвора во возбудливо доживување благодарение на интересни приказни, динамични игри и задачи што ги ангажираат децата со ентузијазам. Преку разнолики награди и мотивациски поттикнувања се грижиме секоја средба со нас да биде нова авантура. Иновативниот пристап на детскиот центар SmartyKids ефикасно го надминува предизвикот да се вклучат децата во образовниот процес, претворајќи го учењето во забавно и незаборавно искуство. Со помош на гејмификација и игриви елементи го будиме нивното љубопитство и градиме трајна љубов кон учењето.

Учество на олимпијади на различни нивоа

Децата кои се обучуваат во нашите центри секоја година учествуваат на регионални и меѓународни олимпијади по ментална аритметика, за да го проверат своето ниво, да запознаат нови пријатели и да се мотивираат уште повеќе за освојување на нови врвови. Овие не се само настани – туку емоции што остануваат за цел живот.

Погледнете повеќе од нашите програми за деца

МЕНТАЛНА АРИТМЕТИКА

Признаена методологија, преку која децата ја развиваат меморијата, концентрацијата и логичното размислување преку сметање – првично со абакус (сметалка). Со текот на времето брзината станува се поголема и детето започнува да множи, дели, собира и одзема во умот.

ЗАБАВНА МАТЕМАТИКА

Програмата на курсот обезбедува можност за интензивен развој на когнитивните и креативните способности на децата. Децата ги прават своите први чекори во математиката, која зазема посебно место во нивниот интелектуален развој.

Што луѓето велат за SmartyKids

Често поставувани прашања​

Колку трае курсот?

Курсот трае 40 недели, со часови еднаш неделно. Секој час трае 105 минути.

Децата добиваат 2 учебника и 2 работни тетратки, како и пристап до онлајн порталот со дополнителни интерактивни вежби и игри за подобро совладување на материјалот.

Курсот е специјално дизајниран за почетници и не бара никакво претходно знаење. Целта е децата да ги научат основите на еден интересен и достапен начин. Нашата цел е да ја разбудиме нивната љубопитност и да поставиме солидна основа за понатамошно учење.

Децата ќе научат основен вокабулар и граматика, ќе ги развиваат своите вештини за слушање, зборување, читање и пишување на англиски јазик. Курсот ќе им помогне да се чувствуваат посигурни во користењето на јазикот во секојдневни ситуации.

Часовите се одржуваат во мали групи од 8 до 10 деца, што создава удобна и поддржувачка атмосфера за учење. Овој формат овозможува наставникот да им посвети внимание на сите ученици и да ја поттикне нивната активна вклученост.

Доволно е да го пополните формуларот за регистрација и ќе добиете повеќе информации за курсот и распоредот на часови.

Имате прашања?
Контактирајте не

Оставете ги вашите податоци,
а ние ќе ве контактираме за да одговориме на нив.

Бесплатен демо час​

Проверете сами ја квалитетот на нашите курсеви за деца.
Регистрирајте се за бесплатен воведувачки час